Милијардерот Илон Маск на неодамнешниот состанок на акционерите на Тесла, го презентираше својот најнов предлог за решавање на проблемот со криминалот: криминалците треба да бидат пуштени од затвор и да бидат следени од еден од роботите Оптимус на компанијата, и ќе ги спречува да извршат нови злосторства, пишува Футуризам.
-Знаете, можеби би можеле да им дадеме на луѓето – ако некој извршил кривично дело – похуман облик на одвраќање на идните злосторства. Што значи дека ако кажете, да речеме, сега добивате бесплатен Оптимус и тој само ќе ве следи наоколу и ќе ве спречи да извршите злосторства. Но, освен тоа, можете да правите што сакате. Тој само ќе ве спречи да извршите злосторства, тоа е навистина сè. Не мислам дека треба да ставаме луѓе во затвор и слично – рече Маск.
Идејата на Маск иако сега неостварлива и покренува низа прашања околу ефикасноста, сепак можеби ќе може да се реализира во иднина.
Идејата, сепак, покренува голем број логички и етички прашања на кои тој не понуди одговори.
Како бавните роботи Optimus евентуално ќе го спречат криминалот во нивната сегашна состојба? Кој би ги плаќал трошоците? Кои се етичките импликации од користењето на профитна роботска платформа, или како алтернатива или како додаток? И низа други.
Иако е лесно да се отфрлат ваквите изјави како уште една импровизација на Маск, тие се важни за разгледување поради огромната моќ што ја поседува. Како еден од највлијателните луѓе во историјата на САД, неговите зборови имаат тежина, без разлика колку лошо може да изгледаат.
Порталот Electrek истакнува дека вистинската приказна е всушност дека акционерите на Tesla гласаат против сопствените интереси, намалувајќи ги своите права на глас за да му дадат на Маск уште повеќе пари и моќ. Иронично, ако вештачката интелигенција стане толку моќна како што самиот тврди, таа ќе го надмине со леснотија.



























