Метеоролозите за утре нѐ информираат дека наутро ќе биде постудено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 во Берово до 2 во Гевгелија, а максималните дневни од 15 во Маврово и 19 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје, наутро во делови од котлината со услови за појава на слаба магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Температурата ќе се движи од 1 до 17 степени.
В недела наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -2 степени до 7 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 14 степени до 19 степени.
Метеоролозите за во понеделник најавуваат дека ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 1 степени до 8 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 13 степени до 18 степени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖