ПРЕД ИЗБОРНА РЕКЕТАРСКА АФЕРА: Стоилев фатен со мито, а врвот на ВМРО-ДПМНЕ го штитеше до последниот глас – Сега брачен пар од партиската елита го гуши обвинителството да не стигне до нив!

Saso
By Saso
5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Свети Николе/Скопје – Апсењето на петмина лица, меѓу кои и Илија Стоилев, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, еден ден по локалните избори, го отвора прашањето за селективната правда и политичката инструментализација на обвинителството. Додека Стоилев бил фатен на лице место со мито од 400 евра, како дел од договорени 50.000 евра, вистинското прашање е: зошто акцијата морала да почека изборите да завршат, и кој сега работи на тоа целиот скандал да заврши со едно големо НИШТО?

Политичка заштита до последниот глас

Според информации до кои дојде редакцијата на Охридскај, Јавното обвинителство за организиран криминал имало сè во рака уште пред започнувањето на изборната кампања. Сепак, наместо закон и правда, превладале политичките пресметки. Врвот на ВМРО-ДПМНЕ, свесен дека скандалот со ИПАРД 3 програмата би предизвикал изборен земјотрес, вршел директни притисоци врз обвинителството за одложување на акцијата.

Стоилев, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ за Свети Николе, бил клучна фигура за партијата во овој регион. Неговото влијание врз земјоделците кои очекуваат грантови од ИПАРД 3 го правело незаменлив во мобилизацијата на гласачкото тело. Да беше уапсен пред изборите, резултатите во Свети Николе, но и пошироко низ државата, биле драматично поинакви.

„Брачниот пар“ кој ги влече конците

Извори од Свети Николе категорични се дека Стоилев е само извршител во поголема криминална шема. Зад него стои брачен пар со моќни политички врски на највисоко ниво на ВМРО-ДПМНЕ. Овој пар, чии имиња засега се чуваат како државна тајна, всушност ја контролира целата мрежа на корупција околу ИПАРД програмата,но и во други сегменти.

Токму стравот од обелоденување на нивната улога е причината зошто министерот за земјоделство Цветан Трипуноски мирно си ја чува фотељата, и покрај скандалот што се одвива под негов надзори неговиот двор. Трипуноски знае дека обелоденувањето на вистината би довело до судир со партиски моќници, а можеби и до целосен ресетирање на владините структури.

Кој сега прави притисоци да се заврши со НИШТО?

Политички аналитичари и инсајдери предупредуваат дека истрагата веќе е под тежок притисок да се разводни. Од канцелариите на ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат јасни пораки до Јавното обвинителство: “Стоилев може да падне, но да не се копа подлабоко.” Стравот е реален – доколку обвинителството продолжи да ги следи трагите, ќе стигне до брачниот пар, а потоа и до врвот на владејачката структура.

Веќе се слушаат гласови дека случајот ќе се реши со “процесни грешки”, “недостаток на докази” или “технички неправилности” кои ќе овозможат клучните играчи да останат недопрени. Историјата на правосудството во Македонија е полна со такви примери – голема бука, неколку апсења, а на крајот целата работа да заврши во фиоката.

Министерот се прави луд

Цветан Трипуноски, наместо да преземе политичка одговорност за скандалот во неговото министерство, избира да молчи и да чека аферата да помине. Неговата стратегија е проста: додека партиските структури се борат да ја неутрализираат истрагата, тој ќе остане на функција и ќе се прави дека ништо не знае.

Прашањето што ги вознемирува граѓаните е: дали и оваа истрага ќе заврши како безброј претходни – со големо НИШТО? Дали правдата повторно ќе биде жртвувана на олтарот на политичките интереси? Дали брачниот пар од Свети Николе ќе си ги заврши деновите на јавни мешетарејна, а не зад решетки?

- Advertisement -
Ad image

Европската програма како плен

ИПАРД 3 програмата, наменета за поддршка на македонското земјоделство, станала плен на организирани криминални групи внатре во владините структури. Додека земјоделците очајно чекаат грантови за да ги спасат своите стопанства, политичките моќници и нивните послушници ги ситнат европскиот пари.

Случајот Стоилев е само врвот на ледениот брег. Прашањето е дали Јавното обвинителство има храброст и независност да копа подлабоко, или повторно ќе се покори на политичките притисоци и ќе остави вистинските виновници да продолжат непречено да ја користат државата како приватна фирма.

Граѓаните, меѓутоа, веќе го знаат одговорот. Историјата се повторува, а правдата останува селективна и послушна.

- Advertisement -
Ad image

Сашо ДЕНЕСОВСКИ

Share This Article