Украински хеликоптер го собори рускиот дрон Шахид во воздух, што покажува дека властите во Киев се прилагодуваат на новите начини на одбрана од беспилотни летала лансирани од Москва.
Екипажот на хеликоптерот Ми-8 успеа да го уништи Шахид во воздух користејќи ротирачки митралез М134 поставен на страната на авионот.
Во видеото што стана вирално, а беше објавено вчера на сметката OSINTdefender на социјалната мрежа, може да се види украински војник како испукува рафали од хеликоптер кон руски беспилотен авион, кој почнува да чади и паѓа кон полето подолу.
Дел од медиумите потсетуваат дека Русија ги интензивираше нападите со беспилотни летала врз Украина.



























