Холивудската ѕвезда Ема Стоун е прогласена за најубава жена на светот, според познатата грчка формула за златниот сооднос – теорија што ја дефинира совршената пропорција на човечкото лице.
Истражувањето го спровел д-р Џулијан де Силва, пластичен хирург од Лондон, кој користел компјутеризирани техники за мапирање на лицето за да ги утврди резултатите. Стоун постигнала неверојатен процент на совршеност од 94,72 проценти, што ја постави на врвот на листата.
– Ема Стоун беше јасен победник кога сите црти на лицето беа измерени за физичка совршеност. Таа има совршено обликувани веѓи и пропорционални усни со резултат од 95,6 проценти. Нејзината хармонија во сите елементи на златниот сооднос е речиси беспрекорна – изјави д-р Де Силва.
На листата на најубави жени се најдоа и Зендаја, Фрида Пинто, Ванеса Кирби, Џена Ортега, Оливија Родриго, Марго Роби, Ајшварја Раи и Танг Веи, додека Бијонсе го заокружува топ 10.
Теоријата за „златниот сооднос“ потекнува од античка Грција и се користи со векови како симбол на рамнотежа, хармонија и естетска убавина. Според ова истражување, Стоун е најблиску до совршената формула – иако, како што велат експертите, убавината секогаш има и своја човечка, а не само математичка димензија.
Tagged as:
Ема Стоун официјално прогласена за најсовршена жена на планетата
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖