За студентите кои го испуштија рокот за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, кој беше од 1 до 5 ноември, Министерството за образование и наука овозможи дополнителен рок за пријавување – од денеска до 16 ноември.
МОН објави дека кандидатите треба да се пријават електронски на e-uslugi.mon.gov.mk и при пријавувањето да ги пополнат обрасците „Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк“ и „Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк“ кои потпишани ќе ги прикачат кон електронската апликација.
„Сите студенти кои го оствариле правото на студентски оброк ќе почнат да ги примаат средствата во месецот што следува по завршувањето на месецот во кој се пријавиле. За сите прашања поврзани со пријавувањето на корисниците за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука обезбеди поддршка преку Секторот за ученички и студентски стандард, на контактот subvencioniran.obrok@mon.gov.mk“ соопшти МОН.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖