Генетичарите од Британија тврдат дека конечно го дешифрирале ДНК-профилот на Адолф Хитлер, осумдесет години по неговата смрт

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Генетичарите од Британија тврдат дека конечно го дешифрирале ДНК-профилот на Адолф Хитлер, осумдесет години по неговата смрт.

Примерокот бил извлечен од локва крв на фотелјата во бункерот каде што нацистичкиот лидер извршил самоубиство.

Анализата, прикажана во документарниот филм „ДНК на Хитлер: Нацрт на диктаторот“, открила изненадувачки детали што отвораат нова страница во разбирањето на неговата биологија и психа, јави британски „Телеграф“.

Меѓу најконтроверзните откритија е мутацијата на генот prok2, која е поврзана со Калмановиот синдром, состојба што го нарушува сексуалниот развој. Овој генетски дефект може да доведе до ниско ниво на тестостерон, неразвиени гениталии и, во некои случаи, до неспуштен, медицински речено, несворен тестис, наод што се совпаѓа со медицинскиот преглед од 1923 година, објавен во 2015.

Меѓутоа, истражувачите предупредуваат дека генетиката не може да ја објасни Хитлеровата суровост, ниту да ја оправда неговата злоба. Иако анализата покажала гени што укажуваат на зголемена склоност кон антисоцијално однесување, научниците потсетуваат дека личноста се обликува и преку средината, воспитувањето и историскиот контекст.

Понатаму, документарецот ги побива долгогодишните шпекулации дека Хитлер имал еврејско потекло. Напротив, ДНК-патот укажува на германско-австриско потекло, што ги негира изјавите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој тврдеше спротивно.

Истражувањето, водено од професорката Тури Кинг, дополнително покажало дека Хитлер имал повисока генетска предиспозиција за аутизам, шизофренија и биполарно растројство. Сепак, Кинг нагласува дека станува збор само за статистички показатели, не за дијагноза.

– ДНК е само еден мал дел од сложениот мозаик на човечката природа. Злото не може да се прочита од геномот – изјави професорката.

Документарецот на Channel 4 отвора нова научна и морална дебата за тоа до каде може да се оди во анализирањето на човечката природа преку гени, без да се потпадне под искушението на поедноставени, опасни толкувања.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article