Царинската управа во октомври ја надмина наплатата на приходи – во Буџетот се слеале 12,05 милијарди денари (196 милиони евра), за 11,4 милиони евра повеќе од лани, при што најголем раст од 16,6 проценти е забележан во наплатата на приходи од царина, информира Управата.
Од почетокот на годинава, заклучно со октомври наплатените приходи од Царинската управа изнесуваат 1,77 милијарди евра, за 89,4 милиони евра повеќе од истиот период лани.
Приходите од наплата на давачки при увоз на возила се зголемени за 11 проценти. Од почетокот
на годинава досега се поднесени вкупно 174 кривични пријави, од кои 89 се за сторени кривични дела со возила.
– Царинската управа, во изминатиот период работи на сите фронтови. Резултатите се препознаени и од Европската комисија, која во последниот извештај нотира високо ниво на напредок во поглавјето Царинска унија со кое раководи Царинската управа. Дадовме гас до максимум, предизвик ни е да се надминеме самите себеси, да ги надминеме резултатите што самите ги постигнавме. Ова се повеќе пари за болници, училишта, патна и железничка инфраструктура – изјави директорот Бобан Николовски, во интервју за Алфа телевизија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖