Background

Октомври 2025 година во Македонија помина под знакот на постудено и поврнежливо време од вообичаеното

Октомври 2025 година во Македонија помина под знакот на постудено и поврнежливо време од вообичаеното, покажува анализата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според податоците, средномесечната температура се движела од 6,7 степени во Маврово до 14 степени во Гевгелија, што е за околу 1,8 степени пониско од просекот за истиот месец во периодот 1991–2020 година.

На 24 октомври, во Демир Капија е измерена највисоката температура од 26,7 степени, додека најниската, од минус три степени, е регистрирана на 29 октомври во Берово.

- Advertisement -
Ad image

Што се однесува до врнежите, октомври беше надпросечно влажен месец. Месечната сума на врнежи варирала од 55 милиметри во Берово до 151 милиметар во Маврово, каде што е забележано и најголемото дневно количество дожд од 55 милиметри.

Во споредба со просекот за октомври во последните три децении, вкупната количина на врнежи годинава била повисока за околу 25 отсто, што го потврдува трендот на нестабилни и влажен есенски услови низ целата земја.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation