Десетина граѓани завршиле на Клиниката за токсикологија поради труење со печурки

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Десетина граѓани завршиле на Клиниката за токсикологија поради труење со печурки. Иако сите преживеале, докторите предупредуваат дека на нашето поднебје виреат и смртоносни видови кои можат да бидат фатални.

– Сите печурки се јадат, само некои се јадат повеќе пати, а некои само еднаш – вели д-р Андон Чибишев, токсиколог, во изјава за Сител.

Според него, во последниот месец на Клиниката за токсикологија се примени десетина пациенти кои имале симптоми на труење со печурки, но за среќа не се работело за најопасните видови. Симптомите, вели Чибишев, почнуваат исто и кај безопасните и кај смртоносните печурки – со гадење, повраќање, болки во стомакот и дијареа.

– Имаме печурки кај кои симптомите се јавуваат 8, 10, дури и 40 часа по консумацијата. Тие ги викаме труења со долг латентен период и тие се тие од кои најмногу се плашиме, затоа што покрај симптомите од гастроинтестиналниот синдром, после тоа доаѓа до уништување на функцијата на црниот дроб, а тоа пак се рефлектира на функцијата на бубрезите – објаснува Чибишев.

Тој додава дека временските услови оваа есен, со високи температури и претходни обилни врнежи, создадоа идеална клима за растење на диви печурки. Но, токму тоа носи и голем ризик.

– Грешат и оние кои мислат дека многу добро ги познаваат печурките и не се свесни дека собрале отровница која е смртоносна – предупредува токсикологот.

Особено опасно, вели тој, е што отровите во дивите печурки се термостабилни, што значи дека не се уништуваат при висока температура.

– Можете термички да ги обработите колку сакате, да ги варите, пржите, печете со саати, отровот ќе остане ист како и во свежата печурка – потенцира д-р Чибишев.

Во изминатите години на Клиниката за токсикологија имало и смртни случаи, а во неколку случаи страдале и цели семејства.

- Advertisement -
Ad image

Од вкупно 5.000 видови печурки, околу сто се отровни, а десетина од нив се смртоносни и ги има и на македонското поднебје.

Share This Article