Background

Австралиската компанија „Стрикленд Металс“ ги сруши сопствените рекорди во Србија, откривајќи 702,5 метри континуирана минерализација на злато и цинк, со подеднакво импресивен резултат од 365 метри во вториот бунар на локацијата Градина

Австралиската компанија „Стрикленд Металс“ ги сруши сопствените рекорди во Србија, откривајќи 702,5 метри континуирана минерализација на злато и цинк, со подеднакво импресивен резултат од 365 метри во вториот бунар на локацијата Градина.

Ова откритие содржи еквивалент на 7,4 милиони унци злато, што го потврдува огромниот потенцијал на наоѓалиштето и важноста на овој проект за иднината на рударската индустрија.

„Стрикленд Металс“, компанијата за истражување, има за цел да ја подготви првата проценка на минералните ресурси за Градина до крајот на оваа година. Оваа проценка ќе биде клучна за понатамошниот развој на проектот и подготовката за евентуалното започнување на рударството.

- Advertisement -
Ad image

Пол Л’Херпиниер, генерален директор на „Стрикланд Металс“, ги коментираше резултатите како „еден од најимпресивните резултати што се видени досега во Рогозна

Еден од клучните фактори за Стрикленд Металс е забележаниот шаблон на распоред на металот. Горните слоеви на наоѓалиштето содржат силна минерализација на злато и цинк, додека подлабоките слоеви содржат побогато злато, особено во близина на интрузивните зони. Овој распоред е типичен за големи повеќефазни скарн системи, што дава дополнителна доверба во потенцијалот на наоѓалиштето.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation