Се верува дека четириесет и две лица загинале при потонувањето на гумен чамец што превезувал десетици мигранти крај брегот на Либија, соопшти денес агенцијата на ОН за миграција (ИОМ), додавајќи дека седум лица се спасени.
„Либиските власти започнаа операција за пребарување и спасување на 8 ноември по потонувањето на гумен чамец“ што превезувал 49 мигранти, 47 мажи и две жени, кој го напуштил либискиот брег пет дена претходно на 3 ноември, соопшти Меѓународната организација за миграција.
Седум лица беа спасени во операциите за пребарување, додаде организацијата.



























