Background

Десетици домородци од племето Тупинамба денеска упаднаа на климатскиот самит COP30 во Бразил и се судрија со обезбедувачите, барајќи климатска акција и заштита на шумите

Десетици домородци од племето Тупинамба денеска упаднаа на климатскиот самит COP30 во Бразил и се судрија со обезбедувачите, барајќи климатска акција и заштита на шумите.

Гневно извикувајќи, демонстрантите бараа да им биде дозволено да влезат во комплексот на ОН, каде што илјадници делегати од земји од целиот свет присуствуваат на годинашниот климатски самит на ОН во амазонскиот град Белем, Бразил. Некои мавтаа со знамиња со пораки за правата на земјиштето, додека други носеа транспаренти на кои пишуваше „Нашата земја не е на продажба“.

Лидерот на заедницата Тупинамба, која живее од долниот тек на реката Тапајос во Бразил, изјави дека тие се огорчени од континуираната експанзија на индустријата во шумата.

- Advertisement -
Ad image

– Не можеме да јадеме пари. Сакаме нашата земја да биде ослободена од агробизнисот, истражувањето на нафта, нелегалните рудари и од нелегалната сеча – рече главатарот Гилмар, кој користи само едно име.

Обезбедувањето ги потиснало демонстрантите и го забарикадирало влезот со маси. Сведок на Ројтерс видел како еден обезбедувач е одведен во количка додека се држел за стомак. Друг обезбедувач, со свежа драсканица над окото, изјавил дека бил удрен од палка фрлена од толпата, од кои неколку биле одземени од обезбедувањето.

Демонстрантите се разотидоа кратко по судирот, а беа дел од групата од стотина лица кои маршираа кон местото на одржување на самитот. Обезбедувањето подоцна им дозволи на делегатите да заминат, но само откако претходно им наложи да се вратат внатре додека не се смири ситуацијата. ОН е задолжена за безбедноста во комплексот.

„Група демонстранти вечерва ги проби безбедносните бариери на главниот влез во COP, при што двајца обезбедувачи беа полесно повредени и беше предизвикана мала штета. Бразилските власти и властите на ОН го истражуваат инцидентот. Просторот е целосно обезбеден, а преговорите на самитот COP30 продолжуваат“, соопшти ОН.

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва ги посочи домородните заедници како клучни учесници во годинашните преговори за COP30. Претходниве денови десетици лидери на домородните заедници пристигнаа на самитот за да учествуваат во разговорите и да побараат поголемо влијание врз одлуките за управување со шумите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation