Во неодамнешното интервју со Пирс Морган, Новак Ѓоковиќ откри што би сакал да му биде напишано на надгробната плоча.
Неочекувана порака: „Човек кој ги допре срцата на луѓето“
Кога Пирс Морган го праша што би сакал да му биде напишано на надгробната плоча, Новак одговори: „Човек кој ги допре срцата на луѓето“.
Овој одговор изненади многумина, бидејќи Ѓоковиќ не инсистираше да биде запаметен како тенисер, татко или сопруг, ниту пак ги спомена своите спортски достигнувања. Наместо тоа, тој одлучи да го истакне најважниот аспект на човечката природа – љубезноста и инспирацијата. Овој став ја одразува неговата животна филозофија, во која фокусот е на тоа како влијаеме на луѓето околу нас, а не само на она што го постигнуваме во нашите кариери.
„Ментална сила“ и важноста на човечките врски
Ѓоковиќ откри во едно интервју дека еден од неговите најголеми ментори во животот бил д-р Џим Лоер, познат спортски психолог кој работел со многу врвни тенисери. Д-р Лоер му постави клучно прашање:
„Што би сакале да видите напишано на вашиот надгробен споменик?“
Ова прашање го поттикна Новак да размисли како сака да биде запаметен и како да остави подлабок белег во животот на луѓето.
Тој нагласи дека титулите, рекордите и сите спортски успеси му се многу важни и е горд на нив, но дека тие не се единствените аспекти што ја дефинираат неговата животна приказна. Ѓоковиќ зборуваше за неодамнешниот погреб на неговиот „тениски татко“, тренерот кој му помогна да израсне во шампион, и дека овој погреб бил негово прво искуство од ваков вид. Тој нагласи дека на тој погреб не се зборувало за титули или спортски достигнувања. Луѓето зборувале за тоа каков човек бил, како влијаел врз животите на другите и како се однесувал кон луѓето.



























