Сите 20 војници и членови на екипажот на турскиот воен транспортен авион што се урна вчера во Грузија загинале

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сите 20 војници и членови на екипажот на турскиот воен транспортен авион што се урна вчера во Грузија загинале, соопшти денеска турскиот министер за одбрана.

Авинот C-130 полетал од Азербејџан и се враќал во Турција, но се урнал во Грузија, во општината Сигнаги, близу азербејџанската граница. Турскиот министер за одбрана Јашар Гулер во објава на социјалната мрежа Икс соопшти дека „херојските соборци“ загинале на 11 ноември 2025 година, кога воениот транспортен авион C-130 се урнал во близина на грузиско-азербејџанската граница, објавувајќи и фотографии од загинатите.

Причината за несреќата се истражува. Турски тим за истражување на авионски несреќи утрово пристигнал на местото на падот и врши увид. Остатоците од авионот се расфрлани на многу голема површина, пренесе турската телевизија „Хабертурк“.

Вчера турската државна агенција „Анадолу“ го пренесе соопштението на грузиската управа за воздухопловство, во кое се наведува дека контактот со авионот бил изгубен неколку минути по неговото влегување во грузискиот воздушен простор, како и дека леталото не испратило сигнал за помош.

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, и грузиската министерка за надворешни работи, Мака Бочоришвили, изразија сочувство.

На социјалните мрежи се појави потресно видео од паѓањето на авионот.

Share This Article