ОХРИД/СКОПЈЕ – Редакцијата на Охридскај објави детална правна анализа за мистериозното исчезнување на бугарскиот нуркач во Охридското Езеро, која открива шокантни детали за тоа како истрагата била водена со сериозни процедурални грешки, а организаторот на нуркањето, Љубомир Глигоров од Скопје, постапувал во спротивност со сите законски прописи за организирање на нуркање во големи длабочини.
Според анализата објавена на порталот Охридскај, организаторот на нуркањето не поседувал ниту една од потребните лиценци за организирање на техничко нуркање на екстремни длабочини. Уште поскандалозен е фактот што Глигоров, веднаш по немилиот настан, ја отстранил бовата за означување (маркер бовата), а наредниот ден тој самиот, во придружба на полицијата, вршел нуркање за наводно лоцирање на бугарскиот нуркач.
Анонимен свиркач, кој е експерт за техничко нуркање, откри детали кои укажуваат на сериозни безбедносни и правни прекршоци:
1. Отсуство на лиценца за полнење на бoци
Организаторот нема лиценца за полнење на бoци со тримикс гасови (мешавина од кислород, хелиум и азот), кои се неопходни за нуркање на екстремни длабочини. Лиценцата “Gas Blender” или “Advanced Gas Blender” е задолжителна за ракување со вакви специјализирани гасни мешавини. Се поставува прашањето: која фирма му продавала кислородни, хелиумови и водородни бoци на Глигоров без соодветна документација?
2. Отсуство на лиценца за водич на техничко нуркање
Глигоров не поседува лиценца за водич на техничко нуркање на големи длабочини. Всушност, на неговиот официјален PADI профил е видливо дека тој поседува само сертификат “Tec 50”, кој го овластува за нуркање до максимална длабочина од 50 метри. Оваа сертификација е далеку под потребното ниво за организирање и водење на нуркања на екстремни длабочини. Во меѓународните нуркачки организации постои ниво на “технички инструктор” кој може да води вакви нуркања, но потврдено е дека организаторот не ја поседува оваа сертификација.
3. Полнење на бoци без безбедносни стандарди
На социјалните мрежи на Глигоров се видливи фотографии каде што тој ги полни боците на паркинг простор пред зграда, па дури и се вози во лифт со водородни и кислородни бoци – кои се исклучително запаливи. Свиркачот предупредува дека ракувањето со вакви гасови во населено место без безбедносни стандарди претставува огромен ризик и може да предизвика експлозија слична на трагедијата во дискотеката “Пулс” во Кочани, каде што загинаа млади луѓе.
4. Експериментирање со водород – играње со огнот
Организаторот Глигоров јавно се фали на социјалните мрежи дека експериментира со водородно нуркање, без да има за тоа соодветен сертификат и безбедносни услови. Ова претставува не само прекршок на безбедносните протоколи, туку и директна опасност по животот на учесниците и целокупното население.
Зошто е водородот толку опасен?
Водородот (H₂) е најлесниот и најзапаливиот гас што постои. Неговата запаливост и експлозивност го прават исклучително опасен за ракување без строги безбедносни мерки:
Ракувањето со водородни бoци во станбени згради, нивно полнење на паркинзи и транспортирање во лифтови претставува тежок прекршок на сите безбедносни стандарди. Доколку дојде до истекување и паление, последиците би биле катастрофални – целата зграда може да биде уништена во дел од секунди.
Најскандалозниот аспект на целиот случај е фактот што Глигоров, кој е потенцијален сторител на кривично дело поради непочитување на безбедносните протоколи, му било дозволено да учествува во самата истрага. Тој ја отстранил маркер бовата – клучен доказ во случајот, а потоа, во придружба на полицијата, нуркал за лоцирање на жртвата.
Правните експерти укажуваат дека овој потег претставува груба повреда на процедурите за очување на местото на настанот и компромитирање на истрагата. Обвинителот кој го дозволил ова, според изворите, треба веднаш да биде разрешен и да одговара за овој пропуст.
Според анонимниот свиркач, пропустите во истрагата не се случајни. “Како што гледам или нашава истрага и тие кои што ја водат се толку глупави или пак некој стои зад организаторот”, изјави свиркачот за редакцијата на Охридскај.
Тој укажува дека или истражителите немаат основни познавања за техничкото нуркање и безбедносните протоколи, или пак постои намерна заштита на Глигоров од страна на повисоки инстанци.
Редакцијата на Охридски јавно го повикува министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски и Јавното обвинителство да дадат образложение на македонската јавност за следните прашања:
Случајот укажува на сериозен систематски проблем во надзорот над активностите за екстремно нуркање во Македонија. Отсуството на строга контрола при издавање на лиценци и при набавка на опасни гасови создава услови за трагедии.
Експертите за нуркање укажуваат дека нуркањето со тримикс и водород на длабочини поголеми од 50 метри бара специјализирана обука, опрема и строго почитување на безбедносните протоколи. Секое отстапување од овие стандарди може да биде фатално.
Јавноста бара итни одговори од институциите. Случајот не смее да биде затскриен или минимизиран. Потребна е темелна истрага која ќе утврди:
Редакцијата на Охридскај ќе продолжи да ја следи оваа приказна и дека има дополнителни информации кои ќе бидат објавени доколку институциите не преземат итни мерки.
Случајот останува отворен и предмет на јавен интерес. Секој кој има дополнителни информации може анонимно да се јави на редакцијата на Охридскај.
За повеќе детали од правната анализа, посетете: Охридски – Мистериозното исчезнување
Сашо ДЕНЕСОВСКИ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖