Полицијата спроведува интензивна истрага поради пријава за силување на малолетно девојче во Дебарско. Според информациите, таткото на девојчето, 41-годишен жител на регионот, пријавил дека неговата ќерка била жртва на сексуален напад од маж од Тетовско.
Настанот, како што е наведено, бил пријавен вчера околу 15 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар. Полицијата веднаш презела мерки за расчистување на случајот, а според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, се работи интензивно на идентификација и приведување на осомничениот.
– Се преземаат сите потребни активности за целосно расчистување на случајот – изјави Димоски.
Поради заштита на малолетната жртва, од полицијата не откриваат повеќе детали. Истрагата е во тек.



























