Некогаш речиси митско суштество од сибирските шуми, амурскиот тигар, сè повеќе го напушта своето природно живеалиште и шири страв во селата на рускиот Далечен Исток

Lorita
By Lorita
5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Некогаш речиси митско суштество од сибирските шуми, амурскиот тигар, сè повеќе го напушта своето природно живеалиште и шири страв во селата на рускиот Далечен Исток. Најголемата мачка во светот, славена по својата сила и убавина, но и еден од најзагрозените видови, стана смртоносна закана за луѓето во Сибир.

На почетокот, тигрите грабнуваа кучиња-чувари, излегувајќи од шумата ноќе во потрага по плен. Подоцна напаѓаа добиток – коњи и говеда, а почнаа и нападите врз луѓето…

Во јануари, еден рибар на мраз беше нападнат и одвлечен од тигар, само неколку недели откако беше убиен еден шумар. Во март, друг човек беше нападнат и делумно изеден од тигар. Тоа беше најсмртоносната зима во однос на нападите на тигри во Сибир во последните неколку децении.

Главната причина за оваа алармантна промена во однесувањето на тигрите е еколошката катастрофа што ги опустоши нивните ловишта. Африканската свинска треска, речиси секогаш фатална болест, ја десеткуваше популацијата на диви свињи, кои се клучен извор на храна за тигрите, особено за женките со младенчиња. Вирусот најверојатно пристигнал од Кина, каде што од 2018 година уби милиони свињи.

Покрај тоа, неконтролираното ловење елени и зголеменото уништување на шумите создадоа совршена бура што ги принуди предаторите да бараат храна надвор од нивната природна средина. Во некои региони, бројот на конфликти меѓу луѓето и тигрите се зголемил за неверојатни 1.000%.

Последиците се катастрофални и за луѓето и за тигрите. Иако обично се евидентираат само неколку инциденти годишно, податоците за периодот од октомври 2024 до септември 2025 година се катастрофални. Во тој период најмалку 17 амурски тигри се убиени, а 27 заробени.

Многу од заробените животни беа пронајдени гладни и дехидрирани, а некои имаа рани од огнено оружје или повреди од судири со возила. Три од заробените тигри подоцна пцовисаа.

– Тигрите се гладни. Затоа ги гледаме овие инциденти – вели експерт за амурски тигри.

Според „Гардијан“ тој зборувал под услов да остане анонимен, поради страв од последици, затоа што зачувувањето на тигрите во Русија стана многу политизирано прашање.
– Луѓето сакаат да го посочат проблемот на владата, но таму не сакаат да слушаат – вели експертот.

- Advertisement -
Ad image

Рускиот претседател Владимир Путин ги поддржа напорите за зачувување на сибирските тигри во 2008 година и го основа Центарот за тигри „Амур“. Официјалните бројки на центарот велат дека сега има околу 750 тигри во дивината, а имало само 40 едински во 1940-тите.

Иако многу експерти се сомневаат во точноста на тие бројки, тие се согласуваат дека иницијативата на Путин помогнала на почетокот. Но, сега многу конзерватори стравуваат дека освен луѓето, и големите мачки се во многу поголема неволја отколку што признаваат властите.

На неодамнешен настан, Сергеј Арамилев, генерален директор на Центарот за тигри Амур, ја намали сериозноста на ситуацијата.

- Advertisement -
Ad image

– Човечките жртви во нападите на тигрите амур се исклучително ретки. Од 2010 до 2024 година, регистрирани се 20 напади врз луѓе, што резултирало со 13 повреди и 7 смртни случаи. Од тие 20 напади, 18 биле предизвикани од луѓето. Двата неодамнешни случаи во 2025 година беа во согласност со целокупната статистика, а двата тигра имаа повеќекратни прострелни рани. Затоа, тврдењето за неиспровоцирана агресија на тигрите кон луѓето е нереална и постои само во несигурни онлајн публикации – рече Арамилев.

Додека властите го потценуваат проблемот, локалното население е очајно. Во јануари, жителите на едно село се пожалија на социјалните медиуми за тигрица што ги лови нивните кучиња, додека други се заканија дека ќе ги бојкотираат локалните избори, ако не добијат подобра заштита.

Експертите се согласуваат дека решението лежи во коренот на проблемот.

– Ако го зачуваме екосистемот, ќе ги зачуваме и тигрите. Африканската свинска треска не би била толку голем проблем, ако шумата беше во добра состојба – заклучува еден од експертите.

Со години амурскиот тигар, познат и како сибирски тигар, беше толку ретка глетка на рускиот Далечен Исток што се сметаше за дух на шумата. Најголемата мачка во светот, позната по својата сила и издржливост, е исто така една од најзагрозените. Денес неколку стотици единки преживуваат во оддалечените делови на сибирската тајга и во тесна лента по должината на руско-кинеската граница – остаток од поранешно живеалиште кое ги вклучуваше Корејскиот Полуостров и североисточна Кина.

Share This Article