Во септември годинава во Македонија се евидентирани 132.999 туристи кои оствариле 262.686 ноќевања, соопшти Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број туристи, 24,6 % се домашни, а 75.4 % се странски. Од вкупно 262.686 ноќевања, 31,8% ги оствариле домашните туристи, а 68,2% странските.
Најголем број од странските туристи кои ја посетиле земјава се од Турција 32.950, од Србија 8.830, од Германија 6.615 и од Полска 3.577.
Во периодот од јануари до септември 2025 година, во споредба со истиот период лани, вкупниот број на туристите е зголемен за 5,8%. Кај домашните туристи има намалување за 1,4%, а кај странските има зголемување за 9,6%.



























