Илјадници патници во САД останаа заглавени на аеродромите откако повеќе од 1.500 летови беа откажани, а над 1.200 одложени поради продолжениот делумен прекин на работата на федералната влада

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Илјадници патници во САД останаа заглавени на аеродромите откако повеќе од 1.500 летови беа откажани, а над 1.200 одложени поради продолжениот делумен прекин на работата на федералната влада. Ова е четврти ден по ред како американската авијација се соочува со сериозен колапс.

Според податоците од платформата „FlightAware“, само денеска се откажани над 1.550 летови, додека вчера биле дури 2.950, а речиси 10.800 летови биле одложени – што го прави најтешкиот ден за авио-сообраќајот во САД од почетокот на блокадата на владата на 1 октомври.

Главната причина за хаосот се намалените капацитети за контрола на летање и недостатокот на персонал во федералните служби, што го нарушува редовниот авио сообраќај низ целата земја.

Share This Article