Италијанската спортска новинарка и телевизиска водителка Дилета Леота доживеа изненадување додека позираше држејќи хартија и микрофон на врата на лифт.
Вратите од лифтот одеднаш се затворија и ја „заглавија“ токму кога се обидуваше да излезе – што предизвика изливи на смеа и кај неа и кај екипата со која снимаше.
На најновите фотографии што ги објави на социјалните мрежи, Леота блеска во елегантен црн фустан со длабоко, заводливо деколте кое ја истакнуваше нејзината беспрекорна фигура.
Во коментарите под објавата, обожавателите веднаш го покажаа своето чувство за хумор:
„Жалам што не бев тој лифт“, „Дури и лифтот сакаше да те држи!“…
Дилета, како и обично, сè претвори во шега, па го објави видеото со својата препознатлива насмевка.



























