Полиција приведе жителка на Ваташа затоа што туркала предмети и недолично се однеувала на бензинска пумпа во Кавадарци, при што имала 1,95 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
„Утрово во 06.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја привеле Е.К.(28) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што на бензинска станица во Кавадарци го нарушила јавниот ред и мир со недолично и дрско однесување кон вработените. Таа туркала предмети во објектот на бензинската станица, а по доаѓање на полициските службеници, таа агресивно се однесувала и кон нив. При преземање на мерки, кај неа се измерени 1,95 промили алкохол во крвта“, соопштија велешката полиција.
Таа е задржана во полициска станица и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението.



























