Утрово во 9 часот на локалниот пат кон село Дреново, трактор управуван од 53-годишниот С.Д. од истото село излетал од патот, по што возачот паднал и бил прегазен од машината.
На местото на несреќата пристигнала Итна медицинска помош од Кавадарци, но лекарите можеле само да констатираат смрт.
Полицијата и јавен обвинител извршиле увид на терен, а телото на загинатиот е предадено на обдукција.
Според првичните информации, најверојатно се работи за несреќен случај, но истрагата ќе утврди како дошло до трагичниот инцидент.



























