Background

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври во однос на истиот месец лани бележи раст од 4,5 %, а цените на мало пораснале за 2,8 %

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври во однос на истиот месец лани бележи раст од 4,5 %, а цените на мало пораснале за 2,8 %, објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата во октомври е резултат на зголемување на трошоците за живот кај храната за 7%, кај алкохолот и тутунот за 6,7%, мебелот и покуќнината за 4,7% …

Најголем раст на цените во октомври годинава во однос на октомври лани има кај индустриско прехранбените производи од 7,5% и прехранбените производи од 6,7%. Цените на земјоделските производи за една година пораснале за 4,3% а на пијалаците за 1,4%.

- Advertisement -
Ad image

Податоците за месечната инфлација покажуваат дека инфлацијата е намалена за 0,2% во однос на инфлацијата во септември, а цените на мало се зголемиле за 1,3%.

Намалувањето на инфлацијата во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 6,1%, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,3%, Образование и Рекреација и култура за 0,1%.

Во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, Облека и обувки за 1,2%, Комуникации, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,3%, Домување, вода, електрика, гас и други горива, Ресторани и хотели за 0,2 % и Здравје за 0,1%.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation