Background

Се развела од сопругот зашто бил премногу надарен, како 3 споени лименки кока-кола

Хејли Калил, поранешна манекенка и интернет ѕвезда, предизвика вистинска бура на социјалните мрежи откако откри детали за нејзиниот развод од поранешниот играч на НФЛ, Мет Калил.

Двојката се венчала пред десет години, се развела пред три години, а официјалното објаснување во судските документи е „непомирливи разлики“. Сепак, се чини дека вистинската причина била нешто поинтимно.

Имено, во неодамнешното емитување во живо, во интервју за јутјуберот Марлон, Хејли раскажа дека таа и поранешниот спортист имале „мирен“ заеднички период без расправии. Но, кога дошло време да открие што тргнало наопаку, таа не го кажала тоа на глас, туку ја запишала причината на својот телефон и му ја покажала на Марлон, кој останал во шок..

- Advertisement -
Ad image

– Сериозно, целиот брак, сериозно! – додаде Хејли низ смеа, потврдувајќи дека проблемот бил големината на машкоста на нејзиниот поранешен сопруг.

Марлон не можеше да поверува, а Хејли објасни дека се обиделе да го решат проблемот со посета на терапевти и лекари.

– Дури побарав и естетска хирургија… Мојот живот е комедија, се пишува сам – рече таа со смеа.

Кога ја праша дали ова е „најголемиот фактор“ во нивниот развод, Хејли без двоумење потврди: „Да, најголемиот, се обидов да го спасам бракот, но беше невозможно“.

Таа додаде дека Мет е „еден од 0,01 проценти од луѓето“ со таков проблем, но дека таа сепак се обидела да го спаси нивниот интимен живот, но без успех. „Освен ако не сакате да плачете од болка, не успеа“, призна таа.

Дури и го споделила својот проблем со  семејството, барајќи совет од мајка си. Подоцна живописно го опиша својот поранешен сопруг, велејќи дека тој бил „како две лименки Кока-Кола, можеби дури и три, наредени една врз друга“.

Видеото брзо стана вирално, а Хејли подоцна за TMZ, обидувајќи се да ја смири ситуацијата вели:

– Длабоко ја почитувам неговата приватност и она што го имавме. Разговарав за многу важни аспекти од нашиот брак во шоуто, но ми е жал што фокусот беше само на тој дел – вели поранешната манекенка.

Хејли заклучи дека, и покрај сè, таа сè уште „има почит и љубов“ кон својот поранешен сопруг.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation