Семејна расправија во скопската општина Центар заврши со физички напад.
Според информациите од полицијата, 51-годишната Ј.А. од Скопје заедно со својот син го нападнале нејзиниот сопруг, 66-годишен маж, во нивниот семеен дом.
Инцидентот се случил околу 14 часот попладне, а нападнатиот маж неколку часа подоцна го пријавил случајот во полиција.
„Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности“, соопштија од СВР Скопје.



























