Минувачи во Белград синоќа нашле голо претепано момче и веднаш викнале полиција и Брза помош, која го пренела детето во детската болница. Според српските медиуми, детето, на возраст од 14 години, имало полесни повреди, гребаници, што му ги нанеле врсници.
Неофицијално, неколку момчиња синоќа околу 20 часот го ограбиле и му ја соблекле целата облека. Минувачите го пронашле детето само во долна облека во близина на игралиште.
По добивањето медицинска помош, детето било пуштено на домашно лекување во придружба на неговиот татко.
Таткото рекол дека група момчиња го нападнале неговиот син, а потоа му го одзеле мобилниот телефон и сите останати работи што ги имал со себе.
Полицијата работи на утврдување на сите факти.



























