Во тек е обемна полициска потрага во неколку области во Виена – полицијата го бара човекот што пукаше синоќа и уби еден, а рани друг, во бар во виенскиот кварт Отакринг. Во бегство е уште едно лице.
Според првичните извештаи на австриските медиуми, пукањето наводно се случило во турски ресторан, каде се застрелани две лица од чеченска националност. Еден од застреланите е тешко повреден, а другиот е убиен.
Сонародници на жртвите пријавиле дека напаѓачот би можел да биде српски државјанин. Истражителите изјавија дека тој веројатно е австриски државјанин со мигрантско потекло.
Наводно, пред нападот избувнала расправија. Едно лице извадило огнено оружје и испукало неколку куршуми кон двајцата мажи. Мотивот сè уште е непознат, а истрагата ја води Канцеларијата за криминалистичка полиција.
Опколен е поширокиот центар на градот и се пребаруваат разни локации.



























