Славниот српски естраден пеач на новокомпонирана музика Аца Лукас за ХајпТВ го коментираше инцидентот на неговата колешка Светлана Ражнатовиќ Цеца, која на концерт во Велес го развеа бугарското знаме и предизвика гнев кај македонаката публика.
– Не можам да разберам, да им ја навредуваш гордоста на луѓе кои ти дошле на концерт, луѓе кои те сакаат… Зошто тоа го направила, дали го направила намерно? Уште полошо е ако е од незнаење, ако не знае како изгледа знаме на некоја држава, тоа е веќе, знаеш… Јас кога не би знаел како изгледаат знамињата, не би земал ниту едно знаме, би пеел без знаме, ама мислам дека не е тоа во прашање. Не знам, мислам дека е гаф, лош, многу лош гаф, мислам дека тоа е катастрофа и луѓето реагираа онака како што треба да реагираат. Особено што тука дошле луѓе што ја сакаат неа. За мене е непоимливо и несфатливо дека некој може такво нешто да направи. Ако знаела што прави, тогаш тоа би можело да биде некој вид провокација, жестока – вели Лукас.



























