Background

Ѕвездата од „Големиот брат“ трагично го заврши животот на 45 годишна возраст

Ѕвездата од „Големиот брат“, Бен Данкан, кој студирал на универзитет со принцот Вилијам, трагично почина на 45-годишна возраст откако паднал од 30 метри од покривот на хотел во Лондон.

Данкан се појави како натпреварувач во 11-тата сезона од популарното ријалити ТВ шоу.

Падот од барот што се наоѓа на покривот на хотелот во Вест Енд, во Лондон, бил фатален за Бен Данкан, пишува британски „Сан“.

- Advertisement -
Ad image

Данкан се спријателил со принцот Вилијам додека студирале на Универзитетот Сент Ендрус, на кој во тоа време студирала и Кејт Мидлтон.

Принцот и принцезата од Велс ја почнале врската додека студирале, а Данкан се дружел со нив токму во тој период. Тој бил член на нивниот тесен круг пријатели. Присуствувал на венчавката на кралската двојка во Лондон во 2011 година.

Данкан се натпреварувал во „Големиот брат“, но и во други ријалити емисии. Пред да влезе во куќата на „Големиот брат“, се пошегувал дека не им кажал на семејството и пријателите дека се пријавил за шоуто, за да не го осудуваат.

Данкан починал доцна во четвртокот откако паднал од седмиот кат – околу 30 метри висина – од барот на покривот на модерниот хотел „Трафалгар Сент Џејмс“ во Лондон, каде што собите чинат и до 1.000 фунти за ноќ.

Тој бил пронајден мртов кратко откако полицајците од Метрополитен полицијата биле испратени да истражат пријави за „човек на покривот“ на луксузниот хотел со пет ѕвездички.

– Полицијата реагираше на загриженоста поради човекот на покривот на зградата во улицата Кокспур, Вестминстер во 23:02 часот во четврток, 30 октомври – рекол портпаролот за „Дејли мејл“.

И покрај најдобрите напори на Лондонската служба за брза помош, за жал, тој бил прогласен за мртов на самото место.

Неговата смрт е неочекувана, но не и сомнителна.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation