Жена од Скопје пријавила дека била нападната од својата родена сестра во семејниот дом во Карпош. Инцидентот се случил во ноќта меѓу саботата и неделата, околу половина час по полноќ.
Според пријавата поднесена во СВР Скопје, 40-годишната жена била физички нападната од нејзината сестра, 44-годишната М.В. од Скопје. Полицијата потврди дека случајот е пријавен и дека се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите.
Од МВР засега не откриваат повеќе детали за мотивите или тежината на нападот, а по завршување на истрагата ќе биде познато дали против напаѓачката ќе следи соодветна пријава.



























