Во рамките на Меморандумот за соработка со Управата за извршување санкции, денеска почна првиот заеднички ангажман на лица од КПУ Затвор – Битола, кои активно учествуваат во чистење и уредување на просторот покрај магистралниот пат.
„Ова претставува значаен чекор кон подигање на јавната свест, одржување на чиста животна средина, како и кон унапредување на соработката меѓу институциите. Во наредниот период, планираме во активностите да бидат вклучени и лица од останатите КПУ и КПД, со што ќе ја прошириме и интензивираме оваа корисна практика. Уверени сме дека со заедничка работа и континуирана поддршка, ќе постигнеме уште подобри резултати и почиста околина. Ова е само почеток на една партнерска соработка која ќе продолжиме да ја развиваме и понатаму“, се наведува во соопштението од Управата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
