Background

ВОЗОВИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ НИЗ ЕВРОПА, АМА ВО 2040 ГОДИНА

Европската комисија денеска усвои сеопфатен пакет за транспортниот сектор, кој предвидува забрзување на воспоставувањето на европска мрежа на брзи железници и поголеми инвестициите во обновливи и горива со ниско ниво на емисии на јаглерод диоксид за воздухопловство и поморскиот сообраќај.

Како што соопшти ЕК, целта на овој пакет е обезбедување на поефикасен, поврзан, лесно достапен, чист и отпорен транспортен систем во ЕУ.

Со планот се предвидува создавање на побрза, поинтероперабилна и подобро поврзана европска мрежа на возови со брзина од над 200 километри на час до 2040 година, со што би се скратило времето на патување и железницата би станал привлечна алтернатива за воздушниот сообраќај на кратки релации.

- Advertisement -
Ad image

Остварувањето на ваквите цели се очекува донесе поголем бројот на патници во железничкиот сообраќај и да ги поттикне регионалните економии и туризмот.

„Патниците ќе можат да патуваат од Берлин до Копенхаген за 4 часа, наместо сегашните 7, а од Софија до Атина за 6 часа, наместо сегашните 13 часа и 40 минути. Новите прекугранични врски, исто така, ќе овозможат побрзи и поедноставни патувања од Париз до Лисабон, преку Мадрид, и подобрена поврзаност меѓу балтичките главни градови“, се наведува во соопштението.

Покрај намалување на времето за патување, на овој начин ќе се намали и застојот и ќе се ослободат капацитет на конвенционалните линии, товарниот транспорт и воената мобилност.

Покрај ова, пакетот предвидува и инвестиции од 100 милијарди евра до 2035 година за производство на околу 20 милиони тони обновливи и горива со ниско ниво на емисии на јаглерод диоксид за воздухопловство и поморскиот сообраќај.

„Ова испраќа јасен сигнал до инвеститорите дека остануваат во сила целите на Европа и дека Комисијата ќе ја поддржи транзицијата кон климатски неутрална економија. Со забрзување на домашното производство на биолошки и небиолошки горива, Европа може да ја намали својата зависност од увезени фосилни горива, да ја подобри конкурентноста на своите индустрии и да ја предводи транзицијата кон чиста енергија на глобално ниво“, потенцира ЕК.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation