Азир Алиу: Менуваме и адаптираме законско решение за решавање на проблеми со тумор маркери за онколошки пациенти

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Менуваме и адаптираме законско решение за решавање на проблеми со тумор маркери за онколошки пациенти, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиуми, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со поплаки дека недостигаат тумор маркери.

Тој потсети дека тумор маркери освен на Oнкологија, има и на Биохемија и другите клиники во нашиот здравствен систем.

– За жал, исто така заради законски пречки знаете дека ако една процедура задоцни, вие законски не смеете да отворите друга или да убрзате. И затоа еден од законите во овие 12 закони што ги менуваме и адаптираме, едно од прашањето коешто ќе го решиме е буквално ова. Јас најавив пред неколку месеци дека ќе разгледуваме, постапките да почнуваат не три, туку шест месеци пред истекот на процесот, сè со цел да имаме време да најдеме дополнително ако ни треба реотворање на постапката, за да не стигнеме до вакви моменти кога заради административните процедури, пациентите ќе чекаат лекови – појасни Алиу.

Во моментот, рече тумор маркерите можат да се процесираат на Биохемијата како здравствена институција кај нас.

Одговарајќи на новинарско прашање околу случајот со директорот на Неврологија, министерот рече дека извештаите веќе се при крај.

– Постапките административно се завршени, но, треба во разговор, заедно со него да се седне, да се прочита наодот и после да излеземе во јавноста со тој извештај. Сè уште е рано да излеземе во јавноста со информација – додаде Алиу.

Прашан за изградбата на кичевската болница, тој потсети дека 205 милиони евра веќе беа најавени. Притоа додаде дека тоа се работи за Штип, Тетово и Кичево, дека тие средства не се буџетски, туку ќе бидат обезбедени од договорот со Британците.

– Јас сè уште не сум потпишал договор. Чекавме да завршат изборите, и после тоа да се потпише договорот и да бидат дел од таа инфраструктура. Рековме дека ќе почнеме со инвестиции во инфраструктура, и првиот чекор се овие три клиники. Значи Штип, Тетово и Кичево ќе бидат почнати, и процедурите административно одма, додека инфраструктурно најверојатно кон крајот на годината или почеток на наредната година. Кичево од ново ќе се гради, заради тоа што овој објект не ги исполнува инфраструктурните базични барања за да биде институција која што ќе нуди здравствени услуги не само за Кичево, туку и за тој регион – рече Алиу во изјава за медиумите пред почетокот на четвртата годишна конференција за здравство, во организација на Американската стопанска комора АмЧам, под мотото „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“.

Share This Article