Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брисел учествуваше на Самитот за проширување на ЕУ, од каде испрати порака дека Македонија и по две децении, и натаму е на истата стартна линија, и покрај бројните отстапки како промените на Уставот, името, знамето.
„На Самитот за проширување на ЕУ во Брисел, организиран од Еуроњуз, говорев за почетоците на европскиот пат на Македонија, пат што трае повеќе од 25 години. Потсетив дека и по две децении се уште сме на истата стартна линија, не поради неисполнување на Копенхашките критериуми, туку и покрај бројните отстапки кои ги имавме како промена на Уставот, уставното име, знамето и многу други чекори.
Нашето убедување останува исто, местото на Македонија е во Европската унија. Тој пат ќе продолжиме да го чекориме, но пред се мора да си ја завршиме домашната задача, да обезбедиме подобар животен стандард, посилна економија и перспективи што ќе им служат на нашите граѓани“; напиша Мицкоски.
Претходно Мицкоски на состанокот со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска во Брисел ги повторил владините единствени позиции за кои вели дека се достоинствени после „сите оние понижувања кои што ни се случија во минатото, во изминатите 25 години откако практично почна овој наш пат кон приближување кон Европската Унија.“
Тој во текот на денот имаше и други средби во Брисел, а за вечер е договорена вечера со комесарката Марта Кос, од која, како што рече, се надева дека ќе слушне позитивни вести.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
