Background

Бугарија за в четврток најави церемонија за потпишување договор

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Република Бугарија, Гроздан Караџов, и вицепремиерот и министер за транспорт на Република Северна Македонија, Александар Николоски, ќе потпишат Договор за подготовка, изградба и работа на прекуграничен железнички тунел меѓу двете земји, објави бугарската агенција БГНЕС.

Од македонска страна засега има само изјава на министерот за транспорт и врски Александар Николоски дека по локалните избори ќе се потпише договорот за тунелот постапка која е договорена во јуни.

Во текстот на БГНЕС се најавува дека потпишувањето на договорот ќе се одржи на 6 ноември 2025 година на железничката станица Ѓуешево, а на церемонијата ќе присуствуваат претставници на Европската комисија, дипломатските мисии на земјите од ЕУ и НАТО во Бугарија, како и претставници на Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој и Светската банка.

- Advertisement -
Ad image

Деновиве и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека по завршување на локалните избори ќе се потпише договорот за заедничка изградба на прекуграничниот тунел на пругата кон Бугарија, како што е договорено во јуни годинава.

– Во јуни имавме средба со вицепремиерот и министер за транспорт Караџов во Истанбул, една корисна конструктивна средба, каде што првпат после скоро година дена, седнавме да ги разгледаме реалните проблеми коишто се од инженерски, а не од политички карактер. Имајќи предвид дека средбата беше таква, стручна за теми коишто не се поврзани со политика, затоа што градење пруга не е политика, најдовме многу брзо решение – посочи Николоски.

Тој додаде дека е договорено Македонија да ја изгради третата фаза од железницата кон Бугарија, првата, додаде, е изградена, а втората се гради во моментов.

-На седница на Влада исто така одобривме да се работат корекциите во делот на третата фаза и одиме по договорот, и се надевам дека ќе го реализираме, и дека за неколку години ќе имаме железничко поврзување помеѓу Скопје-Софија и пристаништето во Бургас – рече Николоски.

Прекуграничниот тунел е клучен елемент на транспортниот коридор Западен Балкан – Источен Медитеран и стратешкиот Коридор VIII. Неговата имплементација овозможи железничко поврзаност меѓу Бугарија и Македонија и ќе го подобри пристапот до транспортот меѓу Црното Море и Јадранското Море.

Проектираната должина на тунелот е околу 2,4 км, од кои половина се наоѓа на македонска , а половина на бугарска територија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation