Австралискиот министер за енергетика Крис Бовен најави дека следната година ќе биде активирана програмата за заштеда на енергија, со која на домаќинствата, дури и тие без соларни панели, ќе имаат најмалку три часа бесплатна соларна енергија.
Програмата „Солар шерер“ (Solar Sharer) првично ќе биде воведена во сојузните држави Нов Јужен Велс и Квинсленд.
Програмата ќе им биде достапна и на станарите во згради кои немаат сопствени соларни панели, под услов да имаат паметен броило и да ја приспособат потрошувачката на енергија на средина од денот, кога можат бесплатно да користат електрична енергија или да полнат електрични возила.
– Домаќинствата што ќе успеат да ја приспособат својата потрошувачка на периодите на бесплатна електрична енергија ќе имаат директна корист, без разлика дали имаат соларни панели или не, и без оглед на тоа дали се сопственици или изнајмувачи. Колку повеќе луѓе се приклучуваат на програмата и ја префрлаат својата потрошувачка во тие часови, толку е поголема користа за целиот систем и пониските трошоци за сите корисници на електрична енергија – посочи Бовен.
Во Австралија, околу четири милиони домаќинства веќе имаат соларни панели. Австралија во 2022 година постави цел 82% од електричната енергија да се произведува од обновливи извори до 2030 година, со законски задолжително намалување на емисиите на стакленички гасови за 43% во однос на нивото од 2005 година.



























