Над 3,2 милиони патници во САД останале заглавени на аеродромите поради хаосот што го предизвикало затворањето на американската влада на 1 октомври. Недостигот на контролори на летови довел до сериозни доцнења и откажувања, јави Ројтерс.
Организацијата „Авиокомпании за Америка“ соопшти дека 16 отсто од сите доцнења во октомври се резултат на недостиг од персонал во контролата на летањето. Пред кризата бројката изнесувала само 5 отсто.
Меѓутоа, најтешкиот ден бил петокот кога над 300.000 патници не успеале да стигнат до своите дестинации, додаде здружението. Според нив, проблемите ќе продолжат сè додека не се врати нормалното финансирање на Федералната управа за авијација.
Притоа, авиокомпаниите „Американ ерлајнс“, „Јунајтед ерлајнс“, „Делта ер лајнс“, „Саутвест ерлајнс“ и „Џетблу ервејс“ побарале итна интервенција од Конгресот за повторно отворање на владините служби, наведува Си-Ен-Ен.
Tagged as:
Блокираниот буџет на САД го парализираше авиосообраќајот
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
