Кучето питбул кое било изгризано во организираните борби во битолско Црноец било во сопственост на грчки државјанин вмешан криминалот, се вели во соопштение на Јавното обвинителство. Песот кој изгризал е американски стафорд, сопственот на косовски државјани.
Познати се детали за мачењето животни. ОЈО покрена обвинение за две лица од Македонија, еден грчки и еден косовски државјанин.
На четворицата осомничени судот во Битола им одреди куќен притвор, иако јавен обвинител предложи затворски притвор. Битолското обвинителство најави жалба на оваа одлука.
Борбите со кучиња, според обвинителството, биле организиране преку 44-годишен посредник и 43-годишник кој во дворот на семејната куќа подготвил заграден ринг.
Според соопштението на ОЈО, осомничените на 1 ноември од користољубие, организирале борба помеѓу кучињата. Питбулот, како што се вели во текстот, се здобил со бројни повреди од угризи, а борбата ја следеле повеќе лица од Македонија, Косово и Грција.
При интервенција на полицијата, биле пронајдени парични средства во евра и во денари. Сопствениците на кучињата успеале да побегнат, но обвинителството наведе дека тие се идентификувани и дека по нив се трага.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
