Просечната каматна стапка на вкупните депозити во септември забележа годишен раст од 0,19 процентни поени и таа во септемви изнесувала 2,20%, соопшти Народна банка (НБ).
Просечната каматна стапка на вкупните кредити, пак, бележи годишен пад од 0,56 процентни порени и во септември изнесувала 4,85%.
Во септември просечната каматна стапка на вкупните депозити на месечно ниво е зголемена за 0,01 процентен поен и изнесувала 2,23%, додека кај кредитите во септември просечната каматна стапка забележа пад од 0,05 процентни поени и изнесувала 4,47%.
Просечната каматна стапка на новопримените депозити во септември изнесувала 2,23% и бележи месечен раст од 0,17 процентни поени, додека на годишна основа е намалена за 0,37 п.п.
Во септември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити остварила месечно и годишно намалување од 0,01 п.п. односно 0,51 п.п.

Според податоците на Народна банка, заклучно со септември, вкупните депозити што ги имаат граѓаните и фирмите во банките се 10,2 милијарди евра, а вкупниот долг за кредити на домаќинствата и бизнисите изнесува 8,7 милијарди евра.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
