ДРАГИ МОИ ДЕБРЧАНИ,
Од сѐ срце ви благодарам!
Оваа победа не е само моја — ова е голема победа за сите нас, за сите Дебрчани!
Ви благодарам за довербата, за поддршката, за секој разговор, насмевка и искрен совет. Заедно покажавме дека Дебрца знае да се обедини околу вистинските вредности и заедничката иднина.
Пред нас е многу работа, но и многу надеж. Ви ветувам дека ќе бидам градоначалник на сите граѓани на Дебрца, со чесност, посветеност и одговорност.
Да продолжиме заедно, со иста енергија и љубов кон нашата општина!
Со почит,
Златко Сиљаноски
Градоначалник на Општина Дебрца

























