Background

Гордана Сиљановска-Давкова: Во европските држави на локални избори гласаат само луѓе кои имаат постојано живеалиште во општината.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на вториот круг од локалните избори гласаше во ООУ „Коле Неделковски“ во општина Центар, каде што изјави дека очекува изборниот ден да помине мирно, да се заокружат изборите, а потоа градоначалниците и советниците да се фатат за работа.

Одговарајќи на новинарски прашања за текот на кампањата таа укажа на нешто што е крајно невообичаено во Европа и во светот, а редовно е кај нас:

– Во европските држави на локални избори гласаат само луѓе кои имаат постојано живеалиште во општината. Значи, денот и ноќта го поминуваат таму. На локални избори не гласаат луѓе кои според логиката на пописните правила не се евидентираат во тие земји. Зошто? Бидејќи тие гласаат таму – таму кадешто живеат, таму кадешто плаќаат даноци, таму кадешто им одат децата на училиште, таму кадешто тие работат, таму и гласаат. Ние имаме еден парадокс – да дојдат за еден час луѓе кои веќе гласале во Австрија, во Франција, во Швајцарија и да ги изберат градоначалниците и советниците. Можете да проверите, тоа е непознат демократски феномен – рече Давкова.

- Advertisement -
Ad image

Прашана за отсуството на жени на изборните листи, таа оцени дека и покрај поедноставената постапка, сепак повторно се кандидирале многу малку жени, а причините се веројатно повеќе.

– Прво, изненадувањето. Одеднаш се соочувате со можност сами да се кандидирате со два потписи. Ние сме одговорни суштества и секогаш размислуваме дали сме ние најдоброто решение, дали ќе можеме да одговориме на овој предизвик, особено ако не сме поддржани од луѓе кои ни веруваат. Тоа е првото. Второто е врзано со политичката култура. Веројатно, се уште има силни елементи на, за жал, патријахална и парохијална политичка култура, па ние размислуваме на тој начин дека, можеби, не сме најдобрите. Значи, овој инцидент со отсуството на член заради одлуката на Уставниот суд, што ќе го регулира кандидирањето, покажа и докажа дека и во нас жените има сериозен проблем. Јас не велам дека е тоа недоверба во себе, туку мислам дека е врзано за фактот дека сме ние поодговорни, бидејќи имаме потежок пат во животот, секогаш имаме дилеми, најлесно одлучуваат оние кои не размислуваат или мислат дека по природата се надарени да бидат извонредни политичари, пратеници, советници, градоначалници и така натаму. Но, мислам дека оваа лекција треба добро да ја научиме за да ги смениме работите – изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation