Втор круг од локалните избори

Lorita
By Lorita
5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Македонија денеска се одржува вториот круг од Локалните избори 2025. Ќе се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а за советници ќе се прегласува на три избирачки места во Шуто Оризари.

Нема да се гласа за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово и таму постапката ќе се повтори во рок од 60 дена по завршувањето на изборите.

Во вториот изборен круг за градоначалник се гласа во главниот град и во Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Центар, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари, Долнени, Дојран и во Зрновци.

Право на глас во вториот круг на изборите имаат 1.013.375 гласачи. Од нив право на глас во Град Скопје имаат 474.304 избирачи.

Во главниот град во општините Центар, Аеродром и Карпош ќе има две ливчиња за гласање бидејќи се избира градоначалник на Скопје и на локалната самоуправа, додека во Шуто Оризари на три гласачки места ќе се гласа за градоначалници и ќе има прегласување и за советници. Во останатите скопски општини ќе се гласа само за градоначалник.

Изборите ќе ги следат 1.598 меѓународни и странски набљудувачи, од кои 933 странски и 651 меѓународен.

Гласањето почнува во 7 часот, а ќе трае до 19 часот.

Гласачите на избирачкото место ќе можат да одат само еднаш. Се гласа тајно. Идентификацијата на избирачите освен со лична карта или со пасош ќе се врши и со т.н. апарати за отпечатоци на прсти.

Гласањето може да биде продолжено и по 19 часот доколку на избирачкото место во 19 часот има останато гласачи, или доколку има прекин на гласањето во текот, но со одлука на ОИК или ДИК. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од 3 часа.

- Advertisement -
Ad image

Во 19 часот гласачките места се затвораат. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им се овозможува да гласаат. Гласачкото место на кое гласале сите граѓани запишани во изводот од Избирачкиот список може да се затвори и пред 19 часот, по претходна согласност од надлежната ОИК, но не отпочнува со броење на гласовите пред 19 часот.

Гласањето се врши зад параваните со сино хемиско пенкало. Забрането е групно или семејно гласање. Забрането е носење оружје на гласачко место.

Резултатите од гласањето на изборите се очекуваат во текот на вечерта, а се очекува последната прес-конфренција ДИК да ја одржи околу 23 часот.

- Advertisement -
Ad image

Во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови, а за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови. Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата. Согласно, Изборниот законик по добивањето на известувањето Владата во рок од 15 дена ќе именува повереник за вршење на работите од надлежност на градоначалникот. Владата најдоцна во рок од 15 дена по денот на именувањето на повереник го известува претседателот на Собранието заради распишување на избори за градоначалник.

На 19 октомври, на првиот круг, изборите завршија и беа избрани 44 градоначалници и советници во речиси сите општини, со исклучок на Шуто Оризари каде се прегласува. Во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово не беше избран градоначалник затоа што во првиот круг не беше постигнат цензусот од најмалку една третина излезност. Во овие општини ќе почне нова изборна постапка за избор на градоначалник во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати.

Ова се осми локални избори во Македонија, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и во Градот Скопје.

На Локалните избори 2025 вкупно учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.

Share This Article