Background

На 73-годишна возраст почина поранешниот албански премиер и историски лидер на Социјалистичката партија, Фатос Нано, кој  беше хоспитализиран во приватна болница во Тирана

На 73-годишна возраст почина поранешниот албански премиер и историски лидер на Социјалистичката партија, Фатос Нано, кој  беше хоспитализиран во приватна болница во Тирана.

Пред дваесеттина дена доживеа клиничка смрт (Кардио респираторен застој) дома, а бил вратен во живот од страна на тимот лекари во болницата. Имал обемно оштетување на мозокот, и сите денови бил во критична состојба. Во лекарскиот тим беше вклучен и тим странски лекари.

Подолго време имаше проблеми со белите дробови и неколку пати бил хоспитализиран. Претходно бил хоспитализиран поради хроничен респираторен проблем, познат и како ХОББ, хронична опструктивна белодробна болест.

- Advertisement -
Ad image

Тој е основач и прв лидер на Социјалистичката партија на Албанија. На чело на партијата беше од 1991 до 2005 година, кога целосно се повлече од политиката. Премиер беше во три наврати од 24 февруари до јуни 1991, од 24 јули 1997 до 2 октомври 1998 и од 31 јули 2002 до 11 септември 2005 година.

Како премиер е најзаслужен за подобрување на односите со соседните земји, кои беа „замрзнати“ во комунистичкиот период но не беа ништо подобри и во време кога на власт беа демократите.

Нано беше уапсен на 31 јули 1993 година под обвинение за злоупотреба на службената положба во корист на трети лица и осуден на 14 години затвор. Тогашниот премиер Сали Бериша го обвини за злоупотреба на италијанската хуманитарна помош. Остана во затвор до 13 март 1997 година, кога по познатите мартовски немири, кога земјата беше во хаос, беа амнестирани стотици затвореници.

Сегашниот лидер на Социјалистите и актуелен премиер Еди Рама, во неколку наврати изјави дека „Нано е последниот политички затвореник во Албанија“.

Фатос Танас Нано роден е на 16 септември 1952 во Тирана. Оженет е за Џоана Нано, позната албанска претприемачка. Татко е на две возрасни деца од првиот брак со Тежина Нано, со која се разведе во 2002 година по 25 години брак.

Нано е единствен политичар во транзицијата кој се повлече од политиката, по поразот на социјалистите на изборите во 2005 година и не се врати повеќе во политиката.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation