Background

Околу 5.000 студенти денеска пристигнуваат во Нови Сад, каде утре ќе се одржи голема комеморативна средба по повод одбележувањето на годишнината од падот на надстрешницата на железничката станица во овој град и смртта на 16 лица, што предизвика бран на студентско и граѓанско незадоволство од режимот кој ни по една година не ги казни одговорните

Околу 5.000 студенти денеска пристигнуваат во Нови Сад, каде утре ќе се одржи голема комеморативна средба по повод одбележувањето на годишнината од падот на надстрешницата на железничката станица во овој град и смртта на 16 лица, што предизвика бран на студентско и граѓанско незадоволство од режимот кој ни по една година не ги казни одговорните.
Студентите пристигнуваат пеш или со велосипеди од цела Војводина и Србија, а најголемиот пат ќе го поминат тие од Нови Пазар, кои кон Нови Сад тргнаа на 16 октомври и ќе поминат скоро 400 километри.
– Студентите кои пешачат со денови, граѓаните кои ги дочекуваат со солзи радосници, ја покажуваат вистинската Србија. Тоа е нашата Србија, тоа е нашиот народ. Граѓаните се толку допрени, полни со емпатија, што ќе ги чекаат пешаците буквално на секој мост, на секое мало раскрсие, каде и да минуваат. Главниот дочек е на главната сообраќајница во градот, така што целиот Нови Сад ќе биде парализиран – вели за Нова.рс студентот Алекса.
Тој тврди дека властите се обидувале да го спречат доаѓањето на студентите така што им ја одземале полициската придружба или јавните простори за сместување за време на ноќниот пат кон Нови Сад. Па така, околу 50 пешаци во Инѓија спиеле на отворено на импровизирани легла во центарот на градот.
Покрај студентите, за одбележувањето на годишнината се очекува да пристигнат и повеќе десетици илјади луѓе од цела Србија, самостојно или во организација на опозициски партии, движења и невладини организации.
Организаторите ги повикаа граѓаните да се соберат во 10 часот на 16 локации во градот и потоа да се упатат кон железничката станица.

ФОто: Принтскрин

Почетокот на комеморативната средба ќе биде во 11:52, точно во моментот кога пред една година падна надстрешницата, со оддавање почит преку 16 минути молк за 16-те загинати во несреќата. Тука ќе биде поставена главната бина, а програмата ќе се пренесува долж целиот Булевар на ослободувањето, долг пет километри.
Студентите потенцираат дека на комеморативната средба ќе бидат забранети свирки и вувузели, бидејќи ова нема да биде протестно собирање туку комеморативна средба. Програмата ќе заврши во 20 часот со 16-минутен молк.
Утре се навршуваат 12 месеци од кога падна надстрешницата на железничката станица во Нови Сад и на местото загинаа 14 лица, меѓу кои и деца. Подоцна уште две жртви почина во болница.
По трагедијата започнаа речиси секојдневни масовни антивладини граѓански протести, на кои се приклучија и студентите со блокади на факултетите. Незадоволните граѓани, студенти и средношколци бараат казнување на одговорните во српската власт и распишување избори во Србија.
Државните обвинителства сè уште ја истражуваат несреќата со падот на надстрешницата и целокупната реконструкција на пругата, но до сега не се потврдени обвиненијатаВишото јавно обвинителство во Нови Сад во средината на септември подигна обвинение против поранешниот министер за транспорт Горан Весиќ и 12 обвинети во овој случај, но засега обвиненијата не се прифатени од судот.

 

- Advertisement -
Ad image

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation