Во населбата Маџари синоќа е прегазено 11-годишно девојче, кое е тешко повредено, а возачот побегнал од местото на настанот. Девојчето е тешко повредено.
„На 28.10.2025 година во 20.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Перо Наков во Скопје патничко возило удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза“, соопшти полицијата.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
„Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот“, се додава во информацијата од МВР.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
