Background

Неколку дронови од непознато потекло беа забележани синоќа над воената база во местото Марш-ан-Фамен во југоисточна Белгија

Неколку дронови од непознато потекло беа забележани синоќа над воената база во местото Марш-ан-Фамен во југоисточна Белгија, информира белгискиот министер за одбрана Тео Франкен во објава на Икс.

Во објавата Франкен додава дека на истата локација и во саботата биле регистрирани слични четири до пет дронови.

– Тоа најверојатно биле професионални управувачи со дронови кои мапирале одредени работи. Тоа не е дело на аматери, туку на искусни управувачи на дронови – наведе Франкен.

- Advertisement -
Ad image

Тој додаде дека дроновите регистрирани во саботата подолг временски период летале над клучните делови од базата.

Во изјава за белгиската државна телевизија ВРТ, Франкен изрази загриженост поради појавата на дроновите, оценувајќи дека тоа претставува „нов безбедносен предизвик“.

– Ни требаат добри системи за детекција. Треба да можеме на радар да ги видиме (дроновите) како се приближуваат. Овие системи постојат и треба да ги набавиме што е можно побрзо – изјави Франкен, најавувајќи дека ова прашање ќе го покрене пред Владата следната недела.

Во последниве недели дронови беа регистрирани над неколку аеродроми и воени објекти ширум Европа, вклучително и во Белгија. Така, на почетокот на месецов над белгиската воена база Елзенборн на границата со Германија беа забележани околу 15 дронови, кои по надлетувањето над објектот се упатиле на германска територија.

Засега не познато каков тип на дронови биле вклучени во секој од инцидентите во Белгија, ниту пак кој стои зад нив.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation