Background

Обвинение за смртта на работникот кој загина во 2021 година

Поднесено e обвинение за несреќата што се случи на сепарација на реката Вардар во 2021 година во која загина работникот Петар Мицев.

„Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен акт против еден осомничен од Неготино за Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 2, во врска со член 288 став 2. Исто така, одговорност се бара и од правното лице каде сопственик и управител е обвинетиот“, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителството водеше истражна постапка за настан од 21.7.2021 година, кога обвинетиот управител и правното лице, при извршување работи на сепарација на реката Вардар, воопшто не постапувале според прописите и мерките за заштита, го прекршиле Законот за работни односи и Законот за безбедност и здравје при работа, се додава во соопштението.

- Advertisement -
Ad image

„Како последица, еден работник го загубил животот, додека друг се здобил со телесни повреди. Без да склучи договор за вработување, без воопшто да провери дали оштетениот ги исполнувал условите за работа, како и без да му овозможи услови за безбедно извршување на работните задачи, управителот го ангажирал сега починатиот Петар Мицев и му овозможил да управува тешко моторно возило, камион, на сепарацијата, без да провери дали тој има соодветна возачка дозвола за наведениот тип возило. На 21.7.2021 година оштетениот со камионот во сопственост на правното лице вршел превоз на песок од реката Вардар до сепарацијата кај местото викано Пумпите, а како совозач во камионот бил и другиот оштетен. Поминувајќи низ импровизирана патека, односно тесен насип од чакал на кој од двете страни било течението на Вардар, во еден момент камионот се превртел и паднал во реката. Совозачот успеал да излезе од прозорецот на возилото и да исплива на брегот, здобивајќи се со телесни повреди, додека возачот останал заробен под возилото и починал“, соопшти Обвинителството.

Во текот на истрагата, јавниот обвинител обезбеди докази и против еден вработен во АД „Водостопанство на РСМ“ Подружница Тиквеш-Кавадарци, кој во својство на службено лице, оператор на главни испусти/затворачи и одговорен претставник на претпријатието, бил присутен на сепарацијата и со свој службен потпис заверил повеќе испратници со невистинита содржина, се додава во соопштението.

„Со тоа овој обвинет се товари дека сторил продолжено кривично дело Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик“, соопшти ЈО.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation