Револтирани затоа што сѐ уште не им се исплатени платите за септември, вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ и во двете фирми ќерки на ова јавно претпријатие – „Флораком“ и „Луна“ изутринава од 7 до 9 часот го блокираа влезот во претпријатието.
Незадоволните работници велат дека сѐ уште нема пари на нивните сметки, а директорот на претпријатието постојано е недостапен за нив. Тие се заканија дека ќе го радикализираат протестот во наредниот период, така што ќе блокираат некои од сообраќајниците на главниот град.
Претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски, информираше дека вработените сè уште немаат земено ниту регрес за годишен одмор, јубилејни награди или отпремнина за пензионирани лица. Синдикатот веќе поднел пријави до Државниот инспекторат за труд, како и кривична пријава против директорот за неисплатениот К-15.



























