Background

Потврда за важноста на македонските креативни индустрии

Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии – УМПАКИ Скопје, присуствуваше на свечениот кралски прием во палатата „Сент Џејмс“ во Лондон, во организација на Неговото Височество, Кралот Чарлс III како дел од официјалната македонска делегација составена од истакнати креативци и професионалци.

Приемот се одржа во рамки на Самитот за Западен Балкан, како дел од Берлинскиот процес.

Настанот претставуваше ретка можност за дијалог и размена на искуства и ја потврди посветеноста на британското кралско семејство и британската влада за културната дипломатија и меѓународната соработка.

- Advertisement -
Ad image

– Голема чест е што бевме дел од овој престижен прием и што лично се сретнавме со Неговото Височество, кралот Чарлс III. Топлиот пречек и искрениот интерес за нашата работа оставија силен впечаток. Искрено сме благодарни за оваа уникатна можност и за поддршката и признанието што им се укажуваат на креативните професионалци од нашата земја – вели Кирил Ѓозев, претседател на УМПАКИ.

Присуството на УМПАКИ го истакна растечкото значење на креативните индустрии како двигател на иновациите, вработувањето и одржливиот економски раст. Овој сектор не само што придонесува за вработување, иновации и одржлив раст, туку и ги зајакнува културните врски и ја поттикнува регионалната соработка.
Преку своите проекти, партнерства и застапување, УМПАКИ продолжува да гради врски меѓу креативните професионалци во регионот, промовирајќи соработка и поголема видливост на македонската креативна заедница на европско ниво.

– Посетата беше потсетник дека креативноста е искра што ги поврзува луѓето на уникатен начин. Со таа искра се враќаме дома. Се враќаме мотивирани да градиме посилни мостови меѓу уметноста, технологијата и образованието, да поврзуваме луѓе, градови и идеи, и да поттикнеме проекти што ќе ја раскажат приказната за извонредниот талент и визијата на нашиот регион – изјави Елена Бојаџиева-Цветковска, креативен директор на УМПАКИ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation